Пановски како супермен во борбата против Ковид-19 - Докторот заминува во пензија

Микробиологот Никола Пановски, на 30 септември заминува во пензија.

За еМагазин вели, случајно или не, неговото пензионирање се совпаѓа и со крајот на Ковид-19.

По тој повод, од колегите од Институтот за микробиологија и паразитологија добил подарок, карикатура „Пановски како супермен во борба против Ковид-19“, која одлично ја одразува неговата улога во борбата против Ковид-19.

Д-р Пановски, за време на пандемијата во земјава, секогаш беше достапен за да го каже своето стручно мислење во врска со она што го прашуваа. И тоа се случуваше во еден комплициран период, кога поради презафатеноста и недостаток на кадар, граѓаните не можеа да дојдат ниту до нивните матични лекари.

Еден од ретките кои толкувал крвни анализи на граѓани, во коментари, на поставени прашања на постови на социјални мрежи. Веројатно, неговиот телефонски број е најсподелуваниот изминатите две години.