Панова до Бочварски: Една лопата не е удрена, а Македонија веќе должи 300 милиони евра кон „Бехтел и Енка“ како аванс и пенали

На денешната седница во собранието на Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова постави пратеничко прашање во однос на коридорот 8 и 10 Д до министерот Благој Бочварски за тоа дали наведените суми за аванси и пенали од тајниот договор се точни и дали знае што следува ако ја превзел ваквата обврска надвор од своите ингеренции.

„Ги суспендиравте сите важечки закони во Македонија и конечно ќе удрите лопата. За жал лопатата се уште не е удрена а граѓаните се веќе должни милиони евра кои што условно кажано до вчера требаше да бидат исплатени согласно тајниот договор. Ова може да биде капитален банкрот. Кукавичкото јајце беше снесено во  гнездото на пратениците. Од кога е потпишан договорот за коридорите има поминато 45 дена за кои што лопата не е фрлена а за пенали и аванси владата превела обврска од 300 милиони евра. Тајниот договор буди сомнежи и недоверба кај граѓаните. Но некој помеѓу вас не е ваш и договорот веќе не е така тајна. Првата обврска е директна исплата на аванс од 50 милиони евра, 117 милиони евра е втората ставка за подготовка на градилиште и припремни работи, пенали ќе плаќаме 53 милиони евра, дополнително и 900 илјади евра поради тоа што не е променет законот за работна недела. Тоа значи 300 милиони евра за аванси и пенали. Парафот и потписот е на Бочбварски  и пратеничкото прашање е за него сакам да ми идговори дали сите овие наведени суми се точни, да одговори прецизно и  точно и дали истиот знае што следува ако ја превзел ваквата обврска надвор од своите ингеренции, “ нагласи Панова.

Панова исто така го праша и Ковачевски кој е премиер во Македонија тој или Груби, поради тоа што не го објави договорот  за коридорите јавно.

„Господине Ковачевски одговоривте на местото на Бочварски кој што не беше присутен, заради тоа што очигледно бега од одговорност, и како може некој да биде подносител на закон а да нема извршено увид во договорот“ истакна Панова.

Панова му посочи на Бочварски дека одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси бидејќи тој  единствениот потписник на договорот.

„Одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси, според членот 353од законот според кој службено лице со пречекорување на границите на своето службено овластување нанесува штета ќе се казни со казна закон од 6 месеци до 3 години дополнително ако делото е вршено при јавна набавка или на штета на буџетот сторителот ќе се казни со казна од 5 години, вие господине Бочварски сте единствен потписник на ваквиот штетен договор“ нагласи Панова.