Панчо и Андреј со уште една хумана мисија: Го посетија семејството од Велес кое едвај преживува

Панчо и Андреј од ДНК, вчера уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. 

Имено, познатите пејачи, по сторијата во јавност за Александра и малиот Никола од Велес кои живеат во тешки услови, решија да отидат  кај нив, да се запознаат лично и да помогнат. 

-Кога ја исконтактиравме Александра на телефон и запрашавме што им е најпотребно во моментов, целата скршена низ солзи со еден збор ни кажа дека и треба буквално се, велат Панчо и Андреј. 

-Кога стасавме кај нив не пречека како што доликува и низ раговор дознавме дека пред неколку месеци доживеала мозочен удар од кој се уште се опоравува. Заради состојбата била отпуштена од работа и сега едвај врзува крај со крај. Им однесовме храна - намирници за наредните денови за кои како и секогаш ни помогнаа нашите долгогодишни пријатели од Жито Маркети кои несебично го прифаќаат секој наш повик за било каква помош. Купивме и фудбалска топка и копачки за Никола бидејќи мајка му ни кажа дека обожавал фудбал, па кога му ги дадовме толку многу се израдува што веднаш ги облече, ја зема топката и отиде да игра фудбал со другарчињата, споделија Панчо и Андреј. 

Тие упатија апел до сите добри и хумани луѓе да ја исконтактираат Александра (076 856 882) и да и помогнат на било каков начин, нормално секој со своите можности.

Во моментот најпотребно е да се плати струјата за која имаат долг од 30.000 денари и да се најде градежна фирма која ќе може да и го среди домот.