Палчо и останатите обвинети денеска пред Апелација - бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката

Денес во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи јавна седница по жалбите на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени на доживотен затвор за киднапирањата и свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Четворицата бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката пред Кривичниот суд. Жалба има поднесено и Обвинителството, но за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Судија-известител за предметот е Лирие Елези-Ајрулау.

Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата.

Судот утврди дека делата биле извршени по план и со намера за изнуда на пари.