„Пајакот“ за една недела крена 148 непрописно паркирани возила во скопски Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се нагласува во соопштението.