ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар, велат надлежните и потестуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.