„Пајакот“ на ПОЦ изминатата недела кренал 123 нерегулирано паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) информираше дека во периодот изминатата недела со користење на специјалните возила „пајак“, санкционирале 123 нерегулирано паркирани возила.

Возилата кои биле санкционирани биле оставени на места наменети за лица со попреченост, резидентни паркиралишта и други резервирани зони, со што бил нарушен редот и функционирањето на паркирањето во општината.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе продолжат континуирано да ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до возачите да ги почитуваат правилата за паркирање и да ги оставаат своите возила исклучиво на дозволените паркинг-места. На тој начин се овозможува уреден паркинг-систем и непречено користење на просторите наменети за оние што навистина им се потребни“, порачаа од ПОЦ.