“Пајакот” крена над 90 возила вчера во Скопје – се казнуваат возачи и пешаци

Во текот на изминатиот ден „пајак“ службата кренала 91 непрописно паркирано возило во Скопје.

Според информациите од МВР, 15 возачи  се казнети затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 18 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 12 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возeле под дејство на алкохол и четворица биле возачи – почетници. Шест возачи вчера се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле, еден возач не дал првенство на минување на пешаци и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.