„Пајакот“ крена над 120 возила во Центар кои не биле паркирани правилно

 ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- ЈП ПОЦ и општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, велат надлежните.