„Пајакот“ крена над 100 возила во Центар

 

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираа надлежните. 

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, наведуваат од претпријатието.