Падна првиот снег во Скопје, се забели Водно. Од она што може да се забележи од камерите поставени на водно од страна на Јавното сообраќајно претпријатије ( ЈСП) е дека на врвот има снег.
Од Управата за хидрометеорлошки работи најавија дека следува променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.