Пациентка паднала во ГОБ 8 Септември и си го скршила черепот

Пациентка на 84 годишна возраст, паднала на очниот оддел во ГОБ 8 Септември и го скршила черепот, дознава и пренесува Слободен печат од свои извори.

Иако пациентката првично била примена за сосема вообичаена процедура, операција на перде на окото, состојбата се искомплицирала откако морала да остане во болница пост оперативно.

Меѓутоа, во саботата, станала од креветот, за да го отвори прозорецот во болничката соба бидејќи и било топло. Се сопнала, паднала и завршила со тешка скршеница на черепот, па морало да биде пренесена на неврохирургија во клинички центар.

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Кристијан Костов, за Слободен печат потврди дека се случил настанот но не знаеше во каква состојба е сега пациентката.

-Станала да го отвори прозорецот бидејќи и било топло, се сопнала, паднала и завршила со повреда на главата. Веднаш ја кренале, ја преврзале, ја снимале, но бидејќи имало пукнатина на главата, веднаш е испратена на неврохирургија, веќе четири денови лежи таму, ни рече доктор Костов