Овошки кои содржат најмалку јаглехидрати

Секое овошје содржи јаглехидрати, а оттаму доаѓа и слаткиот вкус кој го обожаваме. Сепак, некои овошки содржат повеќе шеќери во својот нутритивен состав, а други помалку. 

Одредени режими на исхрана го ограничуваат внесот на шеќери, што значи дека и дел од овошјето може да биде забрането во тој процес. 

Поради тоа, ова се неколку овошја кои всушност, не содржат големи количини јаглехидрати и можат да бидат ваш сојузник во диетата: 

1.Бобинки

Шумските овошја, особено малините, може да се консумираат во кето исхраната. Генерално, дозволени се 20 грама јаглехидрати дневно, а ова се вредностите за доза од една полна чаша свежо овошје:

Малини - 15гр јаглехидрати, 8гр растителни влакна
Капини - 14гр јаглехидрати, 8гр растителни влакна
Јагоди - 13гр јаглехидрати, 3гр растителни влакна
Боровинки - 21гр јаглехидрати, 4гр растителни влакна

2. Праски

Праските имаат малку јаглехидрати. Во една праска со средна големина има 12-15гр јаглехидрати и 2гр растителни влакна. Во остатокот тие се вода, минерали и витамин Ц.

3. Кајсии

Кајсиите се благи и вкусни и никој не би можел да претпостави дека се соодветни за кето исхрана. Во една свежа кајсија има 4 грама јаглехидрати, што значи дека може да се изедат 4 или 5 парчиња во текот на денот. Ова важи само за свежите, бидејќи во сувите има многу поголема концентрација на јаглехидрати.

4. Лубеница и диња

Лубениците и дињите се нискокалорични, содржат многу вода и малку јаглехидрати. Така, во една резанка лубеница има 11гр јаглехидрати, во портокаловата диња има 13гр јаглехидрати, додека во жолтата 15гр јаглехидрати во порција. 

5. Лимон и лимета

Лимонот и лиметата можете да ги користите за да направите лимонада или како зачини во салатите. Добра вест е што и со лимонада од еден или два лимона вие консумирате едвај 5гр јаглехидрати. Во лиметата ги има нешто повеќе - околу 5-7гр по парче овошје.