Овој понеделник донесе ново поскапување на горивата

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24.1.2022 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.

Од 1.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 - 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС - 44,722 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,601 %, кај дизелот за 0,766 % , кај екстра лесното масло за 0,086 % и кај мазутот за 0,271 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,005 % .Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.