Нутриционистите тврдат дека за вишокот килограми на стомакот постои решение, и тоа многу едноставно.
За вишокот килограми, особено за оние околу стомакот, често ги обвинуваме „мрзливите“ црева кои го спречуваат согорувањето на мастите и елиминацијата на нечистотиите од организмот.
Нутриционистите тврдат дека постои решение, и тоа многу едноставно. Одговорот лежи во здрав коктел со суви сливи, кој би требало да го конзумирате како појадок. Обидете се овој пијалок да го конзумирате навечер и наутро на празен стомак.
» 6 сливи
» 2 лажици овесни снегулки
» 1 лажица ленено семе
» 1 лажичка какао
» 300 мл јогурт
Прелијте ги сувите сливи со 100 мл вода. Кога ќе зоврие водата оставете ги да отстојат 10 минути. За тоа време ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Додадете 300 мл јогурт.
Сливите ситно исецкајте ги и додадете ги во мешавината, а потоа ставете го пијалокот во фрижидер да отстои преку ноќта. Конзумирајте го наутро на празен стомак. По желба можете да додадете и цимет. Овој пијалок го забрзува метаболизмот, а исто така има поволно влијание и врз кожата, косата и ноктите.