Овој народ - жртва на нечии кавги, нечии тендери, нечии приоритети

Ина Многуфина, со став за актуелните случувања во Скопје. 

Вели, овој народ не заслужува вакво непочитување, алудирајќи на блокадите со кои се почесто живее градот, па граѓаните се заложници на нечии кавги. 

Ова е нејзиниот став во целост: 

-Овој народ нема заслужено изживување од секој кој мисли дека му се може. Нема заслужено да нема почит, да не му го почитиваат времето, обврските...вечно да е жртва на нечии кавги, нечии тендери, нечии приоритети. Летаат суми по пресови и судници за што све му зимале пари, народов гледа како живеат државни службеници во луксуз и сфаќа дека е небитен. Небитно е неговото време, неговата работа од каде вади леб, неговото здравје што го чува по раскапанине болници, неговите потреби. Плаќа данок и седи ко жртва на туѓите апетити, хирови и суети. Комплетна непочит на луѓето кои го пунат буџетот. Покажување дека народот е небитен. Освен кога се избори тогаш треба да дојде да гласа, тогаш е убав народ, почитуван све така слатко, за да изгласа екипа што ќе дојде што ќе му се намоча на живот и потреби, а овој сирот ќе гледа како изгласаните со нивната екипа штанцаат. И пак, и пак, и пак. Не заслужи вака овој народ. Не заслужи ваква непочит и третман на овци.