Овој дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ ги информираат граѓаните дека утре дел од Скопје ќе биде без вода.

- Ве известуваме дека на ден 25.01.2023 г. поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Цицо Поповиќ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Цицо Поповиќ и дел од ул. Пролет, информираат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.