Овој дел од Скопје утре без вода

Утре, 19.08.2022 година, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Леринска бр. 1 во населбата Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Леринска и дел од ул. Ловќенска, најавуваат ЈП Водовод и Канализација.

Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работите.