Овој дел од Скопје утре без вода

Од скопски Водовод информираат дека утре (среда) поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на ул.Ѓорѓи Абаџиев бр.17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето, како што соопштија од ЈО Водовод и канализација, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.