Овој дел од Скопје денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на Коста Абрашевиќ 63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Коста Абрашевиќ и Панче Неделковски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 часот до завршување со санација на дефектот.