Овој четврток е неработен ден

Согласно Законот за празниците на Република Македонија 8 декември (четврток) е неработен ден за сите граѓани.

На овој ден се чествува споменот за Св. Климент Охридски, најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј.