Овие улици од Скопје утре ќе останат без вода

Утре, поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. Шарски Одред 10 и поради уличен дефект ф-2“ на Петре Георгиев бб, без вода ќе останат корисниците од ул. Шарски Одред , дел од Мајка Тереза, дел од ул. Козара, дел од ул. Васил Ѓорѓов и дел од ул. Народен Фронт. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот, а ќе трае се до завршување со работните активности на улиците во општина Центар, додека пак на Петре Георгиев бб, без вода ќе бидат корисниците од 14:00 часот до завршување со санацијата на дефектот.