Овие скопски улици и булевари денеска затворени за сообраќај

Поради најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да се одржи денеска во Скопје, и денеска, до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје апелира  до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.