Овие што копаа тунел во Идризово, да се ангажираат за автопатот Скопје - Охрид

Вчера во затворот Идризово беше откриен тунел долг околу 40 метри, кој го копале најмалку осум затвореници, а тоа предизвика голем број реакции на социјалните мрежи.

Тунелот бил на длабочина од еден метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули, а исто така имале и електричен кабел со сијалица која служела за осветлување на истиот, информира Министерството за внатрешни работи.