Овие личности се посебни, но тешко пронаоѓаат сродна душа

Секоја душа е посебна и со свои доблести, но постојат души кои се слични и меѓусебно се привлекуваат. Дали сте личност со стара душа? Тоа се луѓе кои се посветени на духовен развој, трагаат за подлабока вистина и мудрост, ја гледаат пошироката слика, а не се заинтересирани за материјалното. Старите души се навистина посебни, но се соочуваат со една блокада – тешко пронаоѓаат љубовни партнери. 

Еве ги причините поради кои старите души тешко пронаоѓаат сродна душа:

Имаат слично чувство за сопствениот идентитет, што значи дека знаат кои се и што сакаат, а што не сакаат.

Често се поврзуваат со привремени партнери. Животот ги поврзува со луѓе со кои мора нешто да научат. Тие ја користат таа врска да се развијат и продолжуваат понатаму. Бидејќи брзо ги учат лекциите, лесно го оставаат тој партнер и одат понатаму. 

Имаат повисока цел. Наклонети се кон чести и брзи промени, а доколку партнерот не ги следи ентузијастично, може да дојде до заладување на односите.

Не се задоволуваат со ситници. Тие не сакаат само површна врска, туку искрена и длабока љубов на душевно ниво. Ако не ја пронајдат, претпочитаат да останат сами.

Тие се емотивни и духовни исцелители, па привлекуваат луѓе на кои им е потребно исцелување или утеха, а не партнерство. Кога ќе ѝ помогнат на другата личност да ги излечи раните, можно е натаму сами да продолжат. 

Не сакаат игри. Не ја гледаат смислата во оние „топло-ладно игри“. Нивната искреност не е во склад со денешниот свет полн со преправање и манипулации. 

Имаат емоционален товар. Често не можат да се ослободат од емоционалните состојби од минато, но знаат дека пред да се врзат мораат да ги офрлат старите уверувања и несигурности.

Кога ќе се ослободат од своите залбуди и стеги, со помош на искуство и лична мотивација, можат да најдат сродна душа, а во љубовта се магични, сакаат без граници и тука се за партнерите и во добро и во лошо.