Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (вторник) поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф 125 мм ул.Блажо Тодоровски бр.9 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Маало (новите згради до ТЦ Џамбо).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со работните активности.
Исто така утре, поради технички зафат во пумпната станица и санација на уличен дефект, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Никиштани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 06:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Ѓорче Петров)