Овие делови од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре, 29.03.2022г.поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица Мирче Ацев бб. до ОУ. 11-ти Октомври, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улица Мирче Ацев на потег од ул.Крушевска Република до ул. Никола Караев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на дефектот. 

Поради уличен дефект на водоводен затварач Ф300мм на улица Женевска 45, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улица Женевска, Осло и н. Долно Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на дефектот.