Овие делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (вторник) ќе останат: 

- Од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од дел од улиците: Божидар Аџија, Христо Татарчев, Тодор Паница и Вера Јоциќ. (општина Кисела Вода)

- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Мирковци. (општина Чучер Сандево)

- Од 10:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с.Волково кај обиколницата, ул.5 и околните помали улички. (општина Ѓорче Петров)

- Од 11:00 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ринхини. (општина Карпош)

- Од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Кучевиште. (Општина Чучер Сандево).