Оваа ќе биде прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Хороскопот оваа недела е интензивен. 

Ништо нема да ни изгледа лесно, а дури и кога сè е едноставно, ќе чувствуваме тензија и ќе бидеме во матен облак кој не ни дозволува да ги видиме убавите работи. Ова е период кога треба да се фокусираме на времето поминато со себе и со оние кои ни значат и да најдеме време за работите кои нè прават среќни.

Но, за среќа – ова е период на Водолијата, знак на иновација, надеж и автентичност, па сето ова што го наведовме погоре, нема да трае долго. Водолијата носи среќа за воздушните знаци оваа недела.

Близнаци -  имате милион нови идеи и перспективи

За вас, оваа недела носи љубов кон она што ви значи во животот, но и разбирање на некои концепти на подлабоко ниво. Идеите нема да доаѓаат така лесно, но штом дојдат на вас останува само да најдете време да ги раздлабочите и претворите во реалност. 

Вага – креативност и романса

Вие сте еден од најкреативните и најромантичните знаци во хороскопот. Го обожавате чувството на заљубеност, а за многу Ваги оваа недела го носи токму тоа. Не брзајте никаде, туку со леснотија движете се низ комуникацијата со оние луѓе кои прават едноставно, лесно и романтично да се комуницира со нив. Не постои вистински начин, сè е до тајмингот, а ова е ваша недела.

Водолија – се фокусирате на односите со другите луѓе

Ова е ваша сезона и ваш период да утврдите што е следно во вашиот живот. Па така, фокусот паѓа на врските со другите луѓе, но не само од романтичен аспект. Ќе се запрашате кои луѓе се важни за вас, што е она што треба да направите да им се приближите на оние со кои малку изгубивте контакт и што се новините кои се потребни во вашиот живот. Ова е период на преиспитување, но и на нови луѓе во вашиот живот.