Често, во нашите мисли живее мало чудовиште кое ни повторува дека не сме доволно добри или дека не можеме да постигнеме нешто. Нè блокира, се бори со нас и не ни дава можност да се потрудиме.
Некогаш ние победуваме, некогаш тоа победува (барем на кратко).
Животот не е лесен и како што созреваме, станува потежок и потежок. Велат, тоа што не нè убива, нè прави посилни, но не сме сигурни дека тоа е така.
Затоа, оваа година да се потрудиме самите, да ги избркаме малите и големи чудовишта од нашата глава, да бидеме силни и да се собереме и да почнеме да го живееме животот, полесно и со помалку грижи.
Колку мали и да се чувствувате некогаш, вие значите.
Напорно е, но можеме да успееме. Да плачеме, да се смееме, да учиме и да си дадеме шанса да бидеме среќни. Држете се до надежта оваа година и кажете си дека ќе биде подобро.