Оваа фризура е хит на Тик Ток

Фризурата „Медуза-боб“ (Jellyfish bob) е нов стил којшто станува сѐ попопуларен на социјалните мрежи, а особено на Тик-ток. (видео)

Според многумина – чудната фризура, се чини, е нов стилски тренд, па дури и холивудската ѕвезда Никол Кидман се приклучи на него за неодамнешната насловна страница на списанието „Перфект“. Бројните видеа под ознаката за фризурата „Медуза-боб“ собираат милиони прегледи, а има и негативни коментари. Така, еден корисник во свое видео за најновиот тренд вели:

– Ми се допаѓа кога Тик-ток препорачува видеа од некоја глупаво именувана нова трендовска фризура, бидејќи секој пат кога ќе кликнам на неа, ми покажува видеа од најгрдата коса што некогаш сум ја видел во целиот мој живот.

Именувана поради сличноста со медуза, оваа фризура во суштина е составена од два слоја коса. Надворешниот е прилично кус – во „боб“ стил, а внатрешниот е многу подолг.