Ова ли е причината за убиството на кучето? Нови детали за случајот со Македонката која прегази куче во Црна Гора

Случајот што од синоќа ја бранува црногорската и македонската јавност, предизвика лавина од реакции и поделени мислења. Според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, жената тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца, додека други сметаат дека ваквиот чин не може да се оправда.

Околностите под кои се случил настанот сè уште се предмет на јавни расправи и важно е надлежните институции да ги утврдат сите факти пред да се донесе конечен заклучок.

Во коментари на социјалните мрежи се тврди дека кучето ѝ влегло во сместувањето на самохраната мајка со две деца, го убило нејзиното куче, по што македонската државјанка се одлучила на ваков чекор.

Станува збор за македонска држвајанка С.С. (46), која подоцна била уапсена додека се обидувала да избега од Црна Гора.

„Таа се обиде да ја напушти земјата, но ние ја спречивме“, изјавија од Одделот за безбедност на Улцињ за „Вијести“.