Ова го можат само мајките...

Работите од кои мајката се одрекува би ги оставиле повеќето луѓе празни, но ние, како мајки, се држиме исправено.

Си ја вршиме нашата работа и тоа добро. Никогаш нема крај на обврските и повеќето луѓе би се срушиле само после еден ден. 

Нема болување.
Нема одмор.
Нема приватност.
Нема време за себе.
Нема личен простор.
Нема откажување.
Нема спиење.

Да, сето ова е премногу.
И можеби некои од вас си мислат: Па зошто го правиме ова?

Затоа што сме нивни мајки. Затоа што ги родивме најпрекрасните суштества во нашите животи. Затоа што ги засакавме уште пред да ги запознаеме. 

Затоа што би го дале животот за нив. Затоа што насмевките и безусловната љубов која ја добиваме се посилни од секоја жртва. 

Секако дека е тешко. Да, има денови кога сакаме да се откажеме. 

Кога сакаме да заплачеме и да побегнеме. 

Но, ветивме дека ќе се грижиме и ќе ги сакаме тие мали суштества.

И тоа е нешто што го сфаќаме многу, многу сериозно!

Само продолжете така, кралици!