Ова е списокот на улици во Скопје кои денеска ќе останат без струја

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во неколку скопски општини, информираат од ЕВН Македонија.

Според најавата, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има:

  • од 08:00 до 13:00 часот – во селата Рашче, Копаница и Бојане во Општина Сарај;
  • од 08:00 до 14:00 часот – на улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче, Општина Аеродром;
  • од 08:00 до 16:00 часот – кај дел од корисниците на улица 3 и „Индира Ганди“;
  • од 09:30 до 14:30 часот – кај дел од корисниците на улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и „Виа Игнација“ (зграда 8).

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и посочуваат дека прекините се поради реализација на планирани работи на електроенергетската мрежа.