Ова е причината зошто нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон оваа година

Оваа година за жал нема да се одржи Охридски пливачки маратон. Оваа информација беше пренесена денеска, од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

Маратонот, кој инаку е под покровителство на претседателот нема да се одржи поради блокираната сметка на Националната пливачка федерација и, како што истакнаа од таму, финансиското работење на претходното искуство.

Инаку, Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, односно од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.