Овој чај е одличен за стоплување во студените зимски денови, но и намалување на подуеноста, подобрување на варењето, спречување на анемијата и релаксација.
Потребни состојки:
250 мл смрзнати малини
500 мл вода
корен од ѓумбир (изрендан)
половина лимон
2 лажици мед
Во мало тенџере ставете ги смрзнатите малини и изренданиот ѓумбир, а потоа прелијте со вода и ставете на оган. Оставете да се вари околу 15 минути, а потоа оставете го да отстои уште 15 минути поклопено на рингла. На крајот процедете и ставете во шолја.
Додадете парчиња лимон и мед по вкус и уживајте во најубавиот зимски чај.