Отворено писмо до сите кои моментално не се баш заљубени во својот живот

Ова е отворено писмо до сите луѓе кои моментално се чувствуваат тажно и не се баш заљубени во својот живот. 

Се сеќавате на последниот пат кога се разбудивте со чувството дека постоите со причина? Кога последен пат се насмеавте искрено, без да се терате себеси со сила да се смеете? Колку време помина од последниот пат кога се чувствувавте како себеси? 

Ако вие сте како мене, сигурно имате чувство дека помина вечност откако последен пат си го сакавте животот и бевте среќни. Можеби самата помисла на тоа ви го крши срцето. Некаде низ животното патување, работите излегоа од баланс. Не само што стана тешко да станете од кревет наутро, но дури и работите кои ги сакавте повеќе не носат задоволство. Порано бевте заљубени во животот. 

Јас сум тука да ви кажам дека ќе биде подобро. Знам. Знам што си мислите. Како можам да го знам тоа? Не сум во вашата кожа, тоа е вистина и не ни можам да бидам. Но, знам дека поминав многу ноќи кога заспивав со плачење. Знам какво е чувството да се разбудиш и да не сакаш да станеш од кревет.

Видете, јас бев девојката која не беше заљубена во својот живот. И сега сум девојката која полека го враќа тоа чувство. Имам тешки денови, но не е секој ден таков. Треба многу сила и истрајност да се излезе од темнината. Но, можам да ви ветам дека борбата вреди. Кога ќе излезете на другата страна ќе сфатите дека целата борба вредела. Малите работи во животот се толку прекрасни! Поштарот кој ви посакува убав ден, непознат човек кој ви дава мал комплимент. Живејте за малите моменти. Бидете горди на себеси што стигнавте дотука. 

Не можам да ви ги дадам сите одговори, но можам да ви го кажам ова: Сè додека сте тука, имате цел и причина. Држете се за тоа и дозволете тоа да ве движи напред. Навистина станува подобро. Се надевам дека тоа сознание ќе ви даде малку надеж и утеха.