Отворено ново детско игралиште во Визбегово

Во скопската населба Визбегово денеска беше отворено ново детско игралиште.

На отворањето присуствуваа градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, Дејан Кладарин од претставништвото на УНХЦР во Скопје и Александар Владичевски од Данскиот совет за бегалци (ДРЦ).

Кладарин, како што информира УНХЦР, посочил дека сериозно и пристапуваат на поддршката на локалните заедници. Владичевски изразил благодарност до УНХЦР за партнерството и за тоа што ја согледале улогата на локалното население во поддршката на бегалците.

УНХЦР Скопје и ДРЦ во 2018 го продолжуваат проектот за поддршка на локалните заедници кои им помагаат на бегалците во текот на последните неколку години. Годинава планирани се три проекти за поддршка на локалните заедници, во висина од 1,5 милиони денари од буџетот на УНХЦР. Се работи за детското игралиште во Визбегово, инклузивно детско игралиште во Велес и одводен канал во селото Николиќ, општина Дојран.