Отворен оглас за две работни позиции во Скопје Инфо!

Дали сметаш дека токму ти можеш да бидеш дел од нашиот тим?

ДМС Комуникација ДООЕЛ Скопје, компанија која постои девет години и која стои позади веб порталот Скопје Инфо, објавува оглас за две слободни позиции: 

Новинар

Идеалниот кандидат за оваа позиција, потребно е да има високо образование,  познавање и задолжително искуство во областа.

Кандидатот треба да поседува добри комуникациски способности, да го познава македонскиот јазик и добро да се изразува.

Потребно е познавање на програми за текстуална и графичка обработка на текст.

Најважно од се: доколку ти се гледаш во оваа работна позиција треба да имаш желба за работа, пишување, изразување и креативен развој.

Креативец за дизајн, содржини и маркетинг

Идеалниот кандидат за оваа позиција пак потребно е да има високо образование од областа на маркетинг, уметност или графички дизајн.  Кандидатот треба да поседува високо ниво на креативност, искуство и познавање на маркетинг, особено на контент маркетинг.

Познавање на програми за графички дизајн е неопходно за оваа позиција.

Најважно од се: доколку ти се гледаш во оваа работа позиција треба да имаш изразени високо ниво на креативност, љубов и интерес за маркетинг и дизајн. 

Ако сметате дека ги исполнувате горенаведените критериуми и истовремено можете да се пронајдете во некоја од областите на нашата работа, вашата кратка биографија и мотивациското писмо испратете ги на marketing@skopjeinfo.mk (со назнака за позицијата за која аплицирате)

Мотивациското писмо треба да биде кратко и со клучните поенти за тоа како вие ќе придонесете во оваа работа и во подобрување на содржините и/или видливоста на нашиот сајт. 

Доколку процениме дека вие ги поседувате бештините и вредностите дастанете дел од нашиот тим, по краткиот пробен период следи редовно ангажирање. Во зависност од работното искуство и профилот на кандидатот ДМС Комуникација ја задржува можноста за времено ангажирање на избраните кандидати. 

Поради пандемијата од Ковид 19, ДМС Комуникација во организација на својата работа се придржува до протоколите за безбедно извршување на работните обврски. Селекцијата за работните места ќе се одвива преку алатките за онлајн комуникација. 

Вашите апликации може да ги испратите најдоцна до 25.01.2021 година. Воедно, ги потикнуваме кандидатите кои биле дел од претходните селекции за вработување повторно да се пријават на овој оглас.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.