Отворен новиот Нептун во Кисела Вода – попусти до 65% до 10 октомври

Нептун Македонија вчера, 8 октомври 2026 година, го отвори новиот продажен салон Нептун Кисела Вода, лоциран во K-Retail, на улица „Христо Татарчев“ 47в, во Кисела Вода, Скопје.

По повод отворањето, од 8 до 10 октомври потрошувачите ги очекуваат попусти до 65 отсто, подароци за најбрзите и ексклузивни понуди подготвени специјално за оваа пригода.

Продажниот простор е осмислен така што купувачите на едно место можат лесно да ги разгледаат и тестираат производите. Во понудата има бела техника, апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, компјутери и гејминг, телефони и паметни уреди, производи за ладење и греење, како и мали апарати за нега.

На купувачите им е достапна и стручна поддршка од вработените при изборот и споредбата на производите.

Работното време на новата продавница е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

„Со отворање на уште еден продажен салон во Скопје, ја остваруваме нашата цел да бидеме уште поблиску до нашите потрошувачи, во сите делови од градот. Не застануваме со Нептун Кисела Вода – како компанија продолжуваме да инвестираме во нови и современи продажни формати што нудат подобро купувачко искуство“, истакнуваат од Нептун Македонија.