- Никола Саздовски - САЗДО, овој спортски центар е во твоја чест братче, нека ти е вечна слава! - порача градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на вчерашното отворање на спортскиот центар во подрачното училиште „Круме Кепески” во Припор.
Како што рече градоначалникот, го отвориле спортскиот центар кој го носи името на непрежалениот јунак Саздо, кој прерано го заврши само што започнатиот живот.
- Со свечена пригода, на меморијалинот турнир „Бранко Ѓуровски”, уште една легенда од Кисела Вода која својот живот го положи на фудбалскиот терен во 90-ти те години, започна она кое ќе го паметат генерациите. Бранко и Саздо беа луѓе кои веќе се врежани во колективната меморија на мојот народ од Кисела Вода. Оставија белег кој ние вечно ќе го негуваме. Нека овој спортски центар биде вашиот дух и нека ги собира сите млади на едно место - да се дружат, спортуваат и другаруваат, порача Ѓорѓиевски и за заблагодари на навивачката група КОМИТИ за извонредниот перформанс.