Отворен ден во НОВА за сите заинтересирани идни ученици и нивните семејства

Сите аспекти поврзани со образованието на еден ученик во Меѓународното училиште НОВА ќе бидат претставени на отворен настан за пошироката јавност што ќе се одржи на 4 април (вторник).

Настанот „Пролетен отворен ден“ е наменет за сите семејства кои се заинтересирани да дознаат повеќе за програмата на училиштето, едукативната филозофија, училишниот кампус, како и за сите домашни и меѓународни акредитации и партнерства. Настанот се состои од две сесии.

Едната е утринска сесија која започнува во 8:30 часот и е наменета за ученици во предучилишниот центар и основнотото училиште (од тригодишна возраст до петто одделение), а втората е попладневна сесија закажана во 17:15 часот, наменета за ученици во предметна настава (од шесто одделение до четврта година гимназија).

Покрај основните информации за нашата академска програма, училишните дополнителни активности и поддршката во учењето, посетителите на настанот ќе можат да видат и како изгледа еден училишен ден во НОВА.

Во текот на посетата, тие ќе имаат можност да разговараат со одговорните лица од нашата уписна канцеларија и да постават конкретни прашања, како и да се сретнат со нашите советници за академска и социо-емоционална поддршка. НОВА е препознатлива и по активностите и иницијативите што ги организира Здружението на родители и наставници, чии претставници ќе бидат присутни на отворениот ден за да одговорат на поставените прашања.

За децата-гости се планирани интерактивни едукативни игри и прошетка низ кампусот предводена од ученици на НОВА. Ни претставува особена чест и задоволство да го отвориме кампусот на НОВА кон пошироката јавност и да демонстрираме што е тоа што го прави нашето училиште посебно.

Заинтересираните посетители може да го пријават своето присуство на следниот формулар.