Отсуството на порака сепак е порака

И уште еден ден минува, а ти седиш и гледаш во телефонот, проверувајќи ги пораките на секои две минути. Чекаш да ти пише, ја чекаш таа една порака која ќе ги промени работите и која ќе те потсети на причините поради кои се заљуби во него.

Сакаш да видиш дека се грижи. Сакаш да бидеш уверена дека сѐ уште не е готово и сакаш да добиеш порака, каква било порака, но морам да ти кажам дека и отсуството на порака сепак се порака!

Предолго чекаш. Без оглед на тоа дали се работи за два дена или две недели, тоа е предолго време за губење и предолго време да чекаш некој кој воошто не се ни грижи да ти покаже дека му значиш. Тој воопшто не реагира и воопшто не се грижи околу тоа дека ќе те изгуби.

Дали навистина мислиш дека маж кој навистина те сака би се однесувал така? Маж кој те сака ќе се плаши да те изгуби, да те повреди или да те расплаче. Тој ќе те прегрнува силно и ќе сака да ги минува своите слободни часови со тебе. Маж кој сака да бидеш во неговиот живот нема да направи да се сомневаш околу тоа дали е сериозен, затоа што едноставно ќе знаеш. Ќе знаеш дека те цени по тоа дека не игра игри.

Заслужуваш многу повеќе од тоа да седиш дома и да зјапаш во празен екран. Заслужуваш многу повеќе отколку да плачеш по пораки кои никогаш не си ги добила. Ти постојано чекаше да ти покаже дека ќе биде тука за тебе. Ти веруваше дека имате потенцијал и чекаше да ти покаже дека се грижи за тебе. И тој успеа да те разочара. Тој постојано ти покажува дека залудно се надеваш.

И сега мислиш дека не можеш да се откажеш, затоа што сѐ уште има дел од тебе кој се надева. Да, можеш да се откажеш. Верувај дека не се откажуваш од некој кој те сака и кој ќе направи сѐ за да бидеш среќна. Она што е важно е дека си ја научи лекцијата. Имаше искуство со човек кој воопшто не ти покажа љубезност и почит. Но, кога следниот пат ќе запознаеш некого, биди сигурна дека се работи за човек кој ќе ти подари љубов. Човек кој нема да се срами да ти посвети време.

Следниот пат кога ќе запознаеш некого, немој да се заглавиш во тој ужасен маѓепсан круг на чекање, гледајќи во твојот телефон, чекајќи да ти пише или да ти се јави. Уживај во животот без да седиш дома и да чекаш некој да ти пише.

Можеби отсуството на порака значи дека е време да станеш од кревет и да живееш со полни гради?