Отстранети службени возила од гаража Беко, ослободени голем број паркинг места

По насока на Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, Бојан Христовски, службите извршија акција за дислоцирање на некористени службени возила од катната гаража Беко и ослободување на „резервирани“ паркинг места. Акцијата се изврши со цел да се ослободат повеќе паркинг места.

Во оваа катна гаража, на кат -1, подолг временски период биле паркирани  сужбени возилакои не се користат и непотребно зафаќаа 12 означени паркинг места. Исто така, имаше и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини беа „резервирани“ за непознати корисници, а паркирање на тие места не беше дозволено. Со акцијата се ослободија вкупно 36 паркинг места и се ставија во функција на корисниците.Воедно, службите на претпријатието извршија машинско чистење на кат -1 со што целосно се отрани насобраниот смет.

-Сте се соочиле ли со оваа нејасна "појава" во катната гаража Беко, веднаш штом влезете во неа? Повеќе од 30 недостапни „резервирани“ и "зафатени" паркинг места во центарот на градот!? Некои пополнети со неисправни возила, некои блокирани со сајли и ленти, а никој не знае зошто!? Од денес не е така - напиша на Фејсбук Христовски. 

Катната гаража Беко е лоцирана на ул.„Даме Груев“ во строгиот центар на градот и располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката подзено ниво и 6 ката надземно ниво. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост и 3 за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на кат -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. Исто така, на кат -1 поставен е еден електричен полнач со два излеза за електрични автомобили. Полнењето и паркирањето за време на полнењето на електричните автомобили е бесплатно.

.