Отстранети повеќе диви депонии во Бутел, Центар и Кисела Вода

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел, Центар и Кисела Вода.

„Подигнати се 30 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел.

Во општината Центар се интервенираше на булеварот Илинден, како и на улиците Аминта Трети, Борка Талески и Киро Крстевски-Платник, во близина на средното училиште „Лазар Личеноски“, каде што се расчистени вкупно 20 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад одложен на јавни површини.

Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и активности во скопската општина Кисела Вода, каде што се отстранети 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Фредерик Шопен“, велат од ова јавно претпријатије.