Отстранети диви депонии во Кисела Вода и Центар

ЈП Комунална хигиена – Скопје известува дека во текот на вчерашниот ден се реализирани активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар.

„Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Невена Георгиева-Дуња и Димо Хаџи Димов, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена - Скопје расчисти и неколку помали диви депонии во околината на Градскиот стадион, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри отпад од јавни површини“, се вели во соопштението

Од ЈП ЈП Комунална хигиена - Скопје додаваат дека нивната Еко - патролата изготвила седум едукативно - информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош и Чаир. Во рамките на интервенциите на Еко-патролата, од страна на сторителите беа отстранети вкупно 32 кубни метри непрописно одложен градежен отпад.