Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Центар и Гази Баба

ЈП Комунална хигиена - Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден се отстранети неколку обемни диви депонии лоцирани во општините Чаир, Центар и Гази Баба.

„Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.

Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50“, посочуваат од претпријатието.