Отпочнати активностите за реконструкција на спортските терени во паркот во Сарај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вчера го посетија паркот во Сарај каде се отпочнува со активности за реконструкцијата на спортските терени.

-Овој проект се реализира на барање на граѓаните, со што се овозможува на сите посетители на паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта - истакна Арсовска. 

Инаку, во паркот во Сарај се реконструираат шест спортски игралишта и тоа три фудбалски, две за кошарка и едно тениско игралиште, со вкупна површина од 4.000 квадратни метри, информираа од Град Скопје.