Откажан вечерашниот концерт во рамките на „Есенски Музички Свечености“

Концертот на Марија Јакимовска (флејта) и Билјана Петровска (пијано), кој требаше да се одржи вечерва во рамки на „Есенски Музички Свечености“ во Културно-информативниот центар во Скопје, се откажува. 

Од КИЦ - Скопје, ја открија причината и најавија реализиција на истиот во декември.

-Вечерашниот концерт во рамките на Есенски Музички Свечености се откажува поради болест на еден од изведувачите. Истиот концерт ќе се одржи во декември - информираат од КИЦ.