“Откачи ја таа бедна девојка, не е за нашата куќа – не е лоша, ама има друг начин на живот”

Вања има свој козметички салон. Откако починал татко и, останала да живее со мајка и, и и брат и. Мајка и работела во маркет, и едвај преживувале месец за месец.

Вања кога завршила средно училиште, не можела како и сите други врсници од класот да замине на факултет. Таа решила уште истото лето да учи занает. Тргнала во козметички салон. Имала желба и страст за да шминка и да прави нокти. Вели дека три месеци работела без пари, на пракса. После три месеци, газдерицата ја пријавила и почнала да работи за плата од 200 евра. Се научила се работи буквално се. Запишала и курс за масер. Таму работела цели 3 години. Имала некој денар за себе, а помагала колку може и дома. Во салонот вели дека запознала многу луѓе. После три години работа, земала врант од Владата, за отварање на свој бизнис. Таа веќе 2 години има успешно своја фирма, свој козметички салон.

-Поминаа многу женски лица низ мои раце. Едни за шминка, други за нокти, терти за депилација или пак за масажа. Секојдневно се среќавам само со жени. Многу лица, многу различни навики, многу различни карактери. Од некои може многу да се научи, од некои може многу да ви се згади... Еден ден додека и правев нокти на една госпоѓа, која имаше околу 50 години, се изнаслушав секакви муабети. Почнавме од тоа колку години имам и како е убаво да си бидеш свој газда, до тоа каде работи таа, колку деца има, па се до тоа каква е девојката на син и. “Јас периодов сум многу под стрес. Сакам да закажам масажа. Син ми има 29 години ,веќе цела година се забавува со една девојка. Убава е, добра е, се гледа дека го сака, ама не е за во нашата куќа. Нас сите не знаат. Ние сме позната, градска фамилија. Јас лекар, сопругот лекар. Неговите родители лекари, еве и син ми каде и да е ќе стаме лекар, а таа... Таа дете од сиромашно семејство. Татко и градежен работник, а мајка и домаќинка. Се ти е јасно”... Само слушам и не коментирам. “Не знам каде ја запозна. Од секогаш сум зборувала да не се движи во било какво кругови на луѓе, туку само во оние каде му прилега, но ете. Зборувам, но не ме слуша. Годинава сака и да ја носи на одмор во Шпанија. Срцето ми се кине. Се надевама нема тој да и плаќа”...